Топла напивка од чоколадо, евтина, вкусна и брзо се подготвува. Постојат и други рецепти но овој е доста практичен бидејќи секогаш во кујна имате пудинг.
Може да се направи и од други вкусови, само заменете го пудингот (ванила, јагода, малина, банана, кокос…).
Состојки:
- 1 л млеко
- 7 лажици шеќер
- 1 кесичка пудинг од чоколадо
- 50 гр чоколадо за готвење
- прстофат сол
- по желба цимет, рум, кора од портокал…
Начин на подготовка:
- Во 100 мл млеко измешајте шеќер, сол, пудинг. Останатото млеко згответе го, додајте чоколадо и кога ќе се растопи згответе пудинг.
- Гответе 3 минути, па врелата смеса ставете ја во чаши, украсете со шлаг и веднаш послужете.
Добар апетит!
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)
Диетален појадок што ќе ве држи сити
Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
Како да ослабете според хороскопскиот знак?
Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате