Јаболкото има различни сорти, изберете го она кое најмногу го сакате и ќе добиете исклучително вкусен сладок намаз.
Состојки:
- 750 гр рендани јаболка
- 250 гр рендани моркови
- 100 мл вода
- 1 бурбон ванилин шеќер
- цимет
- сок од 1 лимон
Начин на подготовка:
- Излупете ги јаболката, изрендајте ги и иситнете ги со миксер. Измешајте ги со останатите состојки и ставете ги во сад. Оставете мешавината да зоврие и гответе на слаб оган, повремено мешајќи, околу 40 минути. Во текот на готвењето на површината би можела да се појави пена, која треба да ја отстраните.
- Уште врелиот џем ставете го во стаклени тегли кои претходно сте ги измиле и стерилизирале во рерна на 100-110 степени. Затворете ги и преклопете ги теглите на неколку минути како би се направил вакум. Џемот треба постепено да го изладите и да го чувате на суво и ладно место.
Уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега