Овој едноставен десерт нема да ве остави рамнодушни…
Состојки:
- 1 кг компири
- 250 гр путер
- 250 гр шеќер во прав
- 2 кесички ванилин шеќер
- 10 пишкоти
- 250 гр мелени лешници
- 150 гр чоколадо за готвење
- 1-2 лажици рум
- 1 кесичка шлаг
Начин на подготовка:
- Компирите сварете ги, па изгмечете ги и направете пире. Оставете да се излади, но не до крај. Во меѓувреме пенасто разматете путер со шеќер. Сомелете ги пишкотите, изрендајте го чоколадото. Во компирите измешајте разматен путер со шеќер и додајте мелени пишкоти и рум.
- Масата поделете ја на два дела. Во еден додајте мелени лешници, а во другиот рендано чоколадо. Во калап за торта ставете го прво чоколадниот дел, потоа делот со лешници и од горе шлаг.
- Посипете со рендано чоколадо, послужете и уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта