Чоколадни мафини: Меки залаци кои кријат изненадување

Чоколадни мафини: Меки залаци кои кријат изненадување

Израдувајте го семејството и пријателите со овој американски десерт…

Состојки:

  • 100 гр маргарин или путер
  • 2 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 50 гр растопено чоколадо
  • 2 дл млеко
  • 100 гр брашно
  • 100 гр какао во прав
  • 50 гр пудинг од чоколадо
  • 1/2 прашок за печиво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 2 лажички цимет
  • 20 гр чоколадо исечкано на мали коцки
  • 12-24 парчиња зашеќерени вишни

Начин на подготовка:

  1. Пенасто разматете путер, шеќер и ванилин шеќер, а потоа додавајте едно по едно јајце и растопено чоколадо. На смесата постепено додавајте млеко со постојано матење.

     

  2. Потоа постепено додајте ги сувите состојки исто така со матење.

     

  3. Во плех за мафини ставете хартиени корпички, а потоа наполнете ги до 1/3 со смеса. Во секоја корпичка ставете неколку парчиња исечкано чоколадо и 1-2 зашеќерена вишна, а потоа дополнете со остатокот од смесата.

     

  4. Мафините печете ги приближно 20 минути на температура од 175 степени.

     

  5. Кога ќе се изладат украсете ги со растопено чоколадо, цимет, сечкани ореви или зашеќерени вишни.

     

  6. Количината е доволна за 12 мафини, а ако ви се чини дека смесата е можеби ретка додајте уште малку брашно.

 

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text