Шампонезе торта: Вкусен и сочен десерт

Шампонезе торта: Вкусен и сочен десерт

Оваа торта денес е малку подзаборавена. Но, многу е вкусна и сочна – десерт за секоја прилика…

Состојки за кора:

  • 9 белки
  • 200 гр шеќер
  • 2 лажици презла
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 200 гр печени и мелени лешници

Состојки за фил:

  • 9 жолчки
  • 250 гр путер
  • 150 гр шеќер во прав
  • 150 гр чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

  1. Разматете цврст снег од белки, па постепено додајте шеќер и добро измешајте. Потоа постепено додавајте брашно, презла, матете со лажица и на крај додајте лешник. Лесно измешајте и испечете 3 кори во намастен плех на 180 степени.
  2. За филот пенасто разматете путер. Жолчките згответе ги на пареа со шеќер и чоколадо, кога ќе се излади, додајте путер. Измешајте ја масата и филувајте ги изладените кори одвнатре и однадвор. Од горе украсете со сечкани лешници.

 

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

singlepost_text