Освежувачки намаз од лимон…
Состојки:
- 30 гр изрендана кора од лимон
- 850 мл сок од лимон (околу 18 лимони)
- 1 кг шеќер
- кесичка џемфикс класик 1:1
Начин на подготовка:
- Лимоните добро измијте ги и изрендајте кора (30 гр). Исцедете сок од лимони (850 мл). Ставете го сокот и кората во сад за готвење.
- Содржината од кесичката џемфикс прво измешајте ја со 2 лажици шеќер и додајте во лимоните. Добро измешајте. Гответе додека не зоврие. Потоа додајте го остатокот од шеќерот и гответе уште три минути со непрекинато мешање.
- Со желето веднаш полнете ги теглите, затворете го со капачиња на навој, свртете ги полните тегли на капачињата и оставете ги така околу пет минути.
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега