Шакшука: Африканска мучкалица како омилен доручек

Шакшука: Африканска мучкалица како омилен доручек

Шакшука е омилен доручек во Африка, а се подготвува ширум светот. Наместо сланина можете да ставите и колбас или шунка.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 300 гр домати пелат
  • 1 главица кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица маслиново масло
  • 100 гр сланина
  • куркума
  • црвена пипер
  • мајчина душица
  • магдонос
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте кромид, лук и пиперка. Сланината исечкајте ја на коцки. Во длабок сад на маслиново масло пропржете ја сланината, додајте кромид и пржете околу пет минути. Додајте пиперка и пржете додека малку не омекне, па додајте иситнет лук. Ставете домати, сол, бибер и зачини. Динстајте поклопено околу 10 минути, па ставете јајца во сосот.
  2. Гответе поклопено уште десетина минути, додека јајцата не стегнат. Посипете со мајчина душица и магдонос па послужете со потпечен леб.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

singlepost_text