Полнети палачинки запечени во рерна (ВИДЕО)

Полнети палачинки запечени во рерна (ВИДЕО)

За доручек или вечера овие палачинки ќе ве воодушеват со својот вкус.

Состојки:

  • 1/2 л млеко
  • 4 јајца
  • 200-300 гр брашно
  • малку масло
  • малку сол
  • 200 гр сирење
  • 200 мл јогурт
  • 1 лажица павлака
  • малку кашкавал
  • 50 мл млеко

Начин на подготовка:

  1. Разматете 2 јајца, додајте половина од млекото, малку масло, брашно и добро измешајте без грутки, додајте го остатокот од млекото и добро изедначете, па печете не многу тенки палачинки.
  2. Сирењето издробете го, додајте едно јајце и изедначете. Во секоја палачинка додајте по една лажица сирење, свиткајте од двете страни и повторно свиткајте да бидат четвртасти. Редете ги во намастен плех.
  3. Скршете јајце, додајте павлака, јогурт и малку млеко, измешајте и прелијте ги палачинките. Изрендајте малку кашкавал. Печете на 200 степени околу 35 минути.

Деталите за подготовката погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text