Вкусни и топли сендвичи за спас во есенските денови

Вкусни и топли сендвичи за спас во есенските денови

Есенските врнежливи денови се идеални за подготовка на овие вкусни и топли сендвичи…

Состојки:

  • 4-5 парчиња леб
  • 2 јајца
  • 150 гр сирење
  • 200 гр павлака Пекабела
  • 2 кисели пиперки
  • 150 гр сувомеснато Пекабеско
  • оригано
  • кечап
  • малку млеко

Начин на подготовка:

  1. Лебот исечете го на парчиња. Разматете јајца, додајте издробено сирење и павлака, сечкано сувомеснато, кисели пиперки и убаво изедначете.
  2. Секое парче леб благо натопете го во млеко од едната страна. На парчињата леб од горе ставајте по една полна лажица фил и распоредете.
  3. Од горе ставете кечап, малку оригано и рендано сирење.
  4. Печете во рерна на 200 стеени 15 минути убаво да поруменат лепчињата. Послужете со јогурт или кисело млеко.

 

Добар апетит!

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

singlepost_text