Пита со кисело млеко

Пита со кисело млеко

Една од главните состојки на традиционалната македонска трпеза е токму чинија кисело млеко. Покрај тоа што е одличен придружник буквално на сите печива и пити, киселото млеко може да биде и клучна состојка во подготовка на вкусна и лесна домашна пита.

Потребни состојки:

  • 1 кг брашно
  • 1 квасец
  • 1 лажиче сол
  • прстофат шеќер
  • млака вода
  • 400 гр битолско кисело млеко
  • 3-4 јајца

Начин на подготовка:

  1. Замесете го брашното и оставете го да нарасне.
  2. Исукајте две кори, со тоа што едната да биде поголема од тавата во која ќе се пече.
  3. Намастете ја тавата и ставете ја поголемата кора.
  4. Врз тестото ставете ја мешавината од јајца и кисело млеко. Покријте со другата кора, а деловите што висат од долната завиткајте ги на крајчињата.
  5. Печете во загреана рерна околу 40-45 минути.

На здравје!

Повеќе на Gotvi.mk:

Домашни колачиња со парчиња чоколадо и путер

Путер кифли – Рецепт кој ќе ве врати во детството

Која е тајната на совршените домашни колачиња и кифли?

Ново семејно пакување – Битолско кисело млеко за целосно уживање

8 докажани бенефити од пиењето јогурт

Jogood во чаша ‒ Овошна забава со секој залак!

singlepost_text