Гурманска зиминица – цепкана пиперка

Гурманска зиминица – цепкана пиперка

Зимница на старски начин…

Состојки:

  • 5 кг пиперки
  • 5 лажици алкохолен оцет
  • 1 лажица морска сол
  • 1 главица лук
  • лист целер
  • 100 мл масло

Начин на подготовка:

  1. Пиперките испечете ги на плотна, исчистете ги и извадете ги семките.
  2. Исцепкајте ги и ставете ги на решетка да се исцедат најмалку 1 час.
  3. Во тенџере ставете масло, па кога ќе се загрее испржете ги пиперките и додајте сол. Пржете околу еден час, а пред крај додајте оцет, целер и крупно сечкан лук.
  4. Пакувајте во тегли и добро затворете со метални капачиња. Теглите ставете ги во рерна на 90 степени 90 минути. Оставете ги до наредниот ден да се изладат па наредете ги во полици со останатата зимница.

Повеќе поврзани вести на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

 

singlepost_text