Старски ролат со џем: Омилениот десерт од нашето детство!

Старски ролат со џем: Омилениот десерт од нашето детство!

Совршен старски колач кој се прави многу едноставно…

Состојки:

  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици меко брашно тип 400
  • 3 лажици мелени ореви
  • 1/2 кесичка прашок за печиво

Состојки за фил:

  • 300 гр џем
  • 150 гр мелени ореви
  • шеќер во прав за посипување

Начин на подготовка:

  1. Одвојте ги белките од жолчките. Цврсто разматете белки и шеќер па додајте ги во жолчките. Продолжете да мешате со миксер наредните 5 минути па кога смесата ќе се соедини додајте ги останатите состојки и со лажица добро измешајте.
  2. На плех прекриен со хартија за печење ставете ја смесата, па со лажица распоредете ја по целата површина на плехот. Печете 15-20 минути на 200 степени. Печениот бисквит извадете го од рерна, превртете го на влажна крпа, одлепете ја хартијата за печење и свиткајте го заедно со крпата.
  3. Оставете го са се излади 15 минути, па одвиткајте и премачкајте со фил од мелени ореви и џем. Потоа повторно свиткајте и ставете во фрижидер. Пред сечење украсете со шеќер во прав.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text