Пржени печурки во желе со вино

Пржени печурки во желе со вино

Ова предјадење може да биде замена и за главното јадење!

Состојки:

  • 1/2 кесичка желатин
  • 250 гр печурки
  • 1 главица црвен кромид
  • 250 мл јака супа од печурки
  • 125 мл полусуво бело вино
  • сол
  • бибер
  • 4 лажици масло
  • 150 гр зелена салата
  • 2 лажици оцет
  • крупно мелен црвен бибер

Начин на подготовка:

  1. Желатинот подгответе го по упатството. Печурките внимателно исчистете ги. Кромидот излупете го и исечете го на парчиња.
  2. Во 125 мл топла супа од печурки измешајте го подготвениот желатин. Налијте со останатата супа и со вино, измешајте. Посолете и побиберете. Оставете во фрижидер малку да стегне.
  3. Во тава загрејте лажица масло, па испржете ги печурките. Додајте сол, бибер и кромид.
  4. Салатата исчистете ја, измијте ја и и исушете ја. Во оцетот измешајте сол и црвен бибер, па со жица за матење измешајте и три лажици масло. Салатата распоредете ја на чинии, пропрскајте ја со подготвениот прелив, а потоа од горе редете печурки. Преку печурките рамномерно ставете напола стегнато желе.
  5. Послужете со бел багет леб.

Добар апетит!

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

singlepost_text