Чизкејк со шумско овошје: Кој е за брз и вкусен десерт?

Чизкејк со шумско овошје: Кој е за брз и вкусен десерт?

Брзо и лесно до неодолив десерт!

Состојки:

  • 300 гр мелени бисквити
  • 125 гр путер
  • 1 дл млеко
  • 300 гр крем сирење
  • 200 гр шеќер
  • 1 чаша кисела павлака Пекабела
  • 250 мл слатка павлака
  • 500 гр смрзнато шумско овошје
  • 1,5 кесичка желатин

Начин на подготовка:

  1. За тестото измешајте мелени бисквити со путер и студено млеко. Масата ставете ја во калап со страни кои се отстрануваат.
  2. За првиот фил разматете крем сирење со половина од шеќерот и кисела павлака, и на крај додајте разматена слатка павлака. Филот ставете го преку направената кора. Ставете во фрижидер да стегне.
  3. За вториот фил шумското овошје згответе го со останатиот шеќер и додајте желатин кој претходно сте го измешале со малку сок од овошјето. Изладената смеса прелијте ја преку филот од сирење. Кога желатинот ќе стегне, тргнете ги страните од калапот.

Послужете и уживајте!

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text