Шумадиска торта со ракија

Шумадиска торта со ракија

Оваа торта е традиционален десерт од Шумадија, а за нејзиниот вкус се зборува на далеку…

Состојки:

  • 10 палачинки
  • 300 гр мелени ореви
  • 100 мл багремов мед
  • 100 мл млеко
  • 500 гр суви сливи
  • 50 мл ракија препеченица
  • 150 мл слатка павлака
  • 4 белки
  • 250 гр шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Оревите прелијте ги со врело млеко, додајте мед и ванилин шеќер. Потоа додајте 400 гр ситно сечкани сливи кои претходно сте ги прелиле со ракија. Кога филот ќе се излади, додајте разматена павлака и филувајте ги палачинките, редете ги една на друга како торта. 
  2. Белките и шеќерот добро разматете ги во цврст снег и премачкајте ја целата торта и украсете ја со останатите суви сливи. Тортата потоа ставете ја во рерна загреана на 200 степени, печете околу 4 минути благо да порумени.

 

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text