Солен и лиснат колач полн со јогурт: Кога ќе го пробате, ќе бидете воодушевени!

Солен и лиснат колач полн со јогурт: Кога ќе го пробате, ќе бидете воодушевени!

Идеален за доручек, вечера или ужина…

Состојки:

  • 275 гр лиснато тесто
  • 150 гр кисела павлака
  • 50 мл јогурт
  • 30 гр пармезан
  • 100 гр шунка Пекабеско
  • кромид
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Лиснатото тесто ставете го во плех обложен со хартија за печење и ставете го да се пече во рерна загреана на 200 степени, 10-15 минути.
  2. Павлаката, јогуртот и пармезанот измешајте ги, посолете ги по вкус и зачинете ги со бибер. Печеното лиснато тесто премачкајте го со смесата од павлака, јогурт и пармезан, додајте шунка исечкана на тенки коцки, кромид, повторно ставете во рерна и печете 10-15 минути.
  3. Извадете од рерна, додајте уште малку пармезан сечен на листови и послужете топло со јогурт или кисело млеко.

 

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text