Пита со спанаќ и сирење

Пита со спанаќ и сирење

Оваа вкусна пита послужете ја со кисело млеко

Состојки:

  • 200 гр спанаќ
  • 175 гр сушени домати во масло
  • 100 гр фета сирење
  • 2 јајца
  • 125 гр кори за пита

Начин на подготовка:

  1. Спанаќот ставете го во тава и прелијте го со неколку лажици вода, а потоа гответе го додека не омекне. Процедете ја водата, а спанаќот оставете го да се излади па иситнете го. Додајте иситнет сушен домат, јајца и фета. Убаво измешајте.
  2. Во кружна намастена тепсија ставете три кори за пита помеѓу кои можете да ставите малку масло. Нека краевите на корите бидат надвор од тепсијата. Потоа нанесете го филот. Згужвајте ги краевите на корите кон средина за филот да биде прекриен. Преку нанесете уште малку масло.
  3. Печете во рерна загреана на 180 степени околу 30 минути, додека корите не попримат златна боја.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Неверојатен рецепт со кој може да ги оставите цигарите

Храна која задолжително треба да ја консумираат пушачите

Зошто не смеете да запалите цигара веднаш по јадењето?

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

 

singlepost_text