Мажите готват на првиот Саем за мажи

Мажите готват на првиот Саем за мажи

Денес (16.09.2017 година), со почеток во 12 часот во Јавна соба – Скопје ќе се одржи првиот Саем за мажи насловен „И мажите можат“. На настанот ќе се одржат три работилници за градење вештини: „Мажите готват“, „Мажите пеглаат“ и „Креативни игри за деца“ во кои учество ќе земат мажи и момчиња.

Настанот ќе биде отворен за публика и медиуми, а сите посетители ќе имаат можност да се запознаат со иницијативата, и да се информираат околу активностите на организациите-поддржувачи на проектот.

„И мажите можат“ е национална кампања која има за цел да го промовира вклучувањето на мажите и момчињата за родова еднаквост. Кампањата е насочена кон испраќање пораки до заедниците и медиумите  и организирање  на обуки и настани кои се однесуваат на вклучување на татковците и градењето на нивните вештини за грижа за децата и грижа во домот. Во своите први чекори кампањата „И мажите можат“ ќе се фокусира на промовирање на позитивните примери на татковството и старателството во секојдневниот живот во семејствата.

Понатаму, кампањата ќе се надградува кон упатување препораки за политики и програми, целејќи да ги информира организациите за женски права, граѓанските организации и сите релевантни чинители во општеството за важноста и потенцијалот на пристапи кои имаа за цел да ги преиспитуваат вообичаените родови норми. Оваа кампања е дел од проектот „Вклучување на мажите и момчињата за родова еднаквост“.

„Вклучување на мажите и момчињата за родова еднаквост“ е проект на Здружение за социјални иновации „АРНО“ кој се имплементира во партнерство со Y-PEER Македонија со поддршка на Регионалната канцеларија на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија. Организации кои го поддржуваат проектот во Македонија се: Здружение Родова Перспектива, Здружение за еднакви можности „СЕМПЕР“ – Битола, ЖЕНСКИ ФОРУМ –ТЕТОВО, Женска Граѓанска Иницијатива АНТИКО, ЕХО Едукативно-хуманитарна организација, Tiiiit !Inc, Организација жени на град Скопје и Национална мрежа против насилство врз жените и семејното насилство.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

(ФОТО) Како на филм – Еве во кој скопски ресторан вечераа фудбалерите на Реал и Манчестер

Роналдо во Скопје – Еве ги неговите омилени јадења и пијалоци

(ВИДЕО) Роналдо слета во Скопје, а еве ја неговата тајна за топ форма

(ФОТО) Пепси 200, пиво 250, семки 150 денари – Еве ги цените на Градски во моментов

Бесплатни лежалки, кафе 2, пиво 3,5 Евра – Еве ги цените на плажа на Тасос

2 Евра за лежалка и чадор, 2,5 еспресо, 3 евра пиво – Еве ги цените на плажа во Грција

2 Евра еспресо, 6 Евра клуб сендвич – Проверете ги овие цени на плажа во Грција

Лето на Крф: Гиро од 2,5, лежалки од 8 до 20 Евра – Еве ги цените

singlepost_text