Необична зимница: Кисели тиквици

Необична зимница: Кисели тиквици

Ако сакате да пробате нешто необично и многу вкусно тогаш овој рецепт е за вас!

Состојки:

  • 1 кг млади тиквици
  • 200 гр кромид
  • 6 дл јаболков оцет
  • 5 дл вода
  • 150 гр шеќер
  • 4 лажици сол
  • ловоров лист
  • црн и бел бибер
  • сува пиперка
  • чили пиперка

Начин на подготовка:

  1. Зовријте оцет, вода, шеќер и сол.
  2. Исечете ги тиквиците на ленти (коцки или кругови), како ви одговара.
  3. Исечете го кромидот. Кога водата ќе зоврие ставете мала количина сечкани тиквици и поклопете. Смесата со вода и оцет тогаш ќе „запре“, а тиквиците се готови кога повторно ќе зоврие.
  4. Повторете додека не ја употребите целата количина. Повторете ја постапката и со пиперките (сечкани на парчиња).
  5. Во добро измиени и исушени тегли, кои сте ги ставиле 20-тина минути на 100 степени во рерна, ставете лажица бебер во зрно, 2 ловорови листови, пиперчиња. Преку тоа наредете ги тиквиците и прелијте со смесата од вода и оцет. Теглите веднаш добро затворете ги.

 

Повеќе поврзани вести на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

 

singlepost_text