Идеални се за деновите на пост и кога сакате да одморите од месо.
Состојки:
- 2 кг речна риба
- 1 лажица сув зачин
- 1 поголем компир
- 1 поголема бабура пиперка
- прстофат-два сол
- половина лажичка бибер
- половина лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка црвена пипер
- 2 чешниња лук
- 1 главица кромид
- магдонос лист
Начин на подготовка:
- Рибата исчистете ја и измијте ја, па отсечете ја главата и перките.
- Исчистете ги кромидот, лукот, компирот и пиперката.
- Три пати сомелете ги рибата и зеленчукот заедно, па додајте ги сите зачини и измешајте со раце. Оставете ја смесата да отстои половина час, а потоа обликувајте плескавици и печете на среден оган.
Добар апетит!