Идеја за ручек: Поховани пиперки полнети со сирење

Идеја за ручек: Поховани пиперки полнети со сирење

За следниот ручек подгответе вкусни поховани пиперки полнети со сирење…

Состојки:

  • 3 јајца
  • 7-8 пиперки
  • 100 гр презла
  • 100 гр брашно
  • сол
  • 200 гр сирење тврдо
  • 150 гр паризер

Начин на подготовка:

  1. Испечете ги пиперките, па исчистете ги и извадете ги семките. Разматете ги јајцата, па малку посолете ги, како и пиперките.
  2. Во тенок круг паризер ставете сирење, преклопете го и ставете го во пиперка. Пиперката извалкајте ја во брашно, јајца, па во презла.
  3. Пржете во длабоко масло додека не порумени од двете страни. Вадете на хартиена салфета да ја впие маснотијата.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text