Едноставно и вкусно јадење: Паста со пилешко

Едноставно и вкусно јадење: Паста со пилешко

Одлична комбинација…

Состојки:

  • 200 гр тестенини
  • сол
  • бибер
  • 1/2 печено пиле (околу 500 гр)
  • 1 лажица масло
  • 500 гр смрзнати брокули
  • 2 чешниња лук
  • 50 гр сушен домат
  • сок и кора од лимон
  • 1/2 веза магдонос
  • 2 лажици црни маслинки

Начин на подготовка:

  1. Згответе ги тестенините. Исечкајте го пилешкото. Сварете ги брокулите. Исечкајте лук и сушен домат.
  2. Загрејте масло и пропржете ги лукот, доматите и пилешкото, потоа брзо додајте сок и кора од лимон, сол и бибер по вкус.
  3. Магдоносот ситно исечкајте го, како и маслинките. Процедете ги тестенините. Во сосот додајте маслинки, магдонос, тестенини и брокули, па сè измешајте. Посолете, побиберете и сервирајте.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

 

 

singlepost_text