Трик за највкусните палачинки: Со овој рецепт нема да бидат жилави

Трик за највкусните палачинки: Со овој рецепт нема да бидат жилави

Палачинките се еден од најчесто правените десерти. Брзо се прават, а многу се вкусни! Сепак, на многумина им се случува палачинките да им испаднат жилави, а со овој трик веќе нема да се случува тоа.

Во рецептите за смеса за палачинки пишува дека јајцата се ставаат цели, но ако ги одвоите белките и жолчките ќе добиете многу помеко тесто.

Начин на подготовка:

  1. Направете смеса за палачинки како и обично, само со мала измена така што белките ќе ги одвоите од жолчките кои ќе ги разматите во смесата, а белките ќе ги оставите на страна.

     

  2. Откако во смесата ќе ги ставите сите состојки (освен белките), од белките направете меко разматен снег (ниту премногу мек, ниту потполно цврст), па додајте го во смесата.

     

  3. Снегот потоа нежно измешајте го со смесата, најдобро рачно со жица. Снегот од белки на палачинките ќе им даде пенаста структура и убава мекост. Дури и кога ќе се изладат, вака подготвените палачинки нема да станат жилави.

 

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text