Крем чорба од печурки

Крем чорба од печурки

Крем чорбата од печурки е совршен вкусен и топол вовед во еден вкусен ручек. Едноставно и брзо се подготвува, погодна е дури и за почетници.

Состојки:

  • 400 гр печурки
  • 1 главица кромид
  • 2 лажици брашно
  • 1 чаша кисела павлака Пекабела
  • 1 дл млеко
  • вегета

Начин на подготовка:

  1. Ситно исечкајте го кромидот и пропржете го на малку масло. Потоа додајте печурки кои претходно сте ги иситниле. Додајте зачини, налијте вода и лесно крчкајте.
  2. Кога печурките ќе омекнат додајте две разматени лажици брашно со малку вода. Тргнете го тенџерето од рингла и со миксер измиксајте сѐ да стане глатка маса. Потоа додајте млеко и павлака и добро измешајте.

 

Послужете и уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

 

 

singlepost_text