Руско печиво со месо – превкусно јадење!

Руско печиво со месо – превкусно јадење!

Со векови Русите имаат традиција за правење на ова специјално јадење – пирошки, односно пирога, кои се полнат со разни филови и се послужуваат во секакви прилики.

Ова автентично руско јадење е составен дел од нивната богата кујна, а Русите вакви пирошки подготвуваат во секое годишно доба.

Состојки за тесто:

  • брашно
  • квасец
  • вода
  • сол

Состојки за фил:

  • 1 кг мелено јунешко
  • 1 главица кромид
  • 2 лажици путер
  • 3 варени јајца
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Подгответе го тестото и оставете го да се подигне, па почнете со подготовка на филот.
  2. Кромидот ситно исечкајте го и пропржете го на путер, додајте месо, додбро пропржете го па зачинете го по вкус.
  3. Оставете го месото да се излади. Јајцата ситно исечкајте ги и измешајте ги со месото.
  4. Развлечете го тестото на даска, посипете со брашно и развлечете го со дебелина на еден прст. Мора да биде подолго и пошироко од плехот во кој ќе ги печите пирошките.
  5. Плехот намастете го со путер, на него ставете го развлеченото тесто, распоредете фил, па прекријте со краевите од тестото од сите четири страни, така што филот ќе биде целосно прекриен, а краевите од тестото притиснете ги со прсти да се состават. Ако сакате, можете да го сечете тестото и да подготвите повеќе помали пирошки посебно.
  6. Оставете половина час да надојде, па испечете во рерна загреана на 220 степени 45 минути. Сечете на правоаголници и послужете топло.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text