Подгответе тиквици по старски рецепт…
Состојки:
- 1 кг тиквици
- 1/2 кг мелено месо
- масло
- 1 главица кромид
- 1 морков
- 100 мл варен домат
- 100 гр ориз
- домат за затварање
- бибер
- сол
- 2 јајца
- листови магдонос
Начин на подготовка:
- Испржете на масло главица кромид и рендан морков, па кога ќе се пропржи додајте мелено месо, зачин, сол, бибер, магдонос и две јајца
- Оризот измијте го во неколку води па додајте го. Тиквиците исчистете ги, ако се долги исечете ги на саканата должина, потоа издлабете ги и полнете ги со подготвениот фил.
- Затварајте ги круговите со свеж домат. Печете во рерна на 200 степени 40-45 минути. Послужете топло.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи