Вкусен оброк од тиквици, за доручек, вечера или како ужина…
Состојки:
- 1 поголема тиквица
- 1 компир
- 100 гр чадени колбаси
- 1 лажица кисела павлака
- сол
- бибер
- 2 лажици гриз
- 2 лажици презла
- 1 главица кромид
- 1 лажичка црвена пипер
- 2 јајца
- магдонос лист
- 1/2 прашок за печиво
- 2 чешниња лук
- рендан кашкавал
- семки
Начин на подготовка:
- Тиквицата и компирот исчистете ги и изрендајте ги, посолете и оставете ги 10 минути да отстојат, а потоа добро исцедете ги.
- Додајте сечкан колбас, павлака, бибер, пипер, гриз, презла, сечан кромид, 2 јајца, магдонос, ситно сечкан лук и прашок за печиво. Сѐ добро измешајте со раце.
- Намастете калапи од мафини и полнете ги со подготвената смеса. Израмнете со лажица, додајте од горе рендан кашкавал и посипете со семки.
- Печете во рерна на 200 степени 30-40 минути. Послужете како прилог или како главно јадење со сезонска салата.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот