Брзо и лесно: Палачинки со банани

Брзо и лесно: Палачинки со банани

Одлични, меки и сочни палачинки со банани – ќе ги направите за миг!

Состојки:

  • 3 јајца
  • 1,5 шолја брашно
  • 1 шолја млако млеко
  • 3 лажици масло
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажички шеќер
  • 1 лажица арома ванила
  • половина кесичка прашок за печиво
  • 2-3 банани
  • 50 гр чоколадо
  • 50 гр путер

Начин на подготовка:

  1. Со жица за матење разматете јајца со шеќер, додајте млеко, сол, ванила, масло. Малку измешајте па ставете брашно со прашок за печиво. Ако смесата ви се чини ретка додајте уште лажица-две брашно. Важно е да нема грутки. Оставете да отстои 10 минути. 
  2. Загрејте тава, намалете ја температурата на половина, ставете малку путер, 4-5 кругови банани па пржете ги по 3 секунди од двете страни, прелијте го тестото и печете додека двете страни не поруменат.
  3. Редете на чинии и додека се врели посипете ги со сечкано чоколадо. Преку чоколадото ставете врела палачинка и така редете додека не го потрошите материјалот. Можете да ги послужите и брз редење една преку друга. Наместо чоколадо можете да ставите и шеќер кристал или во прав, еурокрем, шлаг, мед…

 

Уживајте!

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text