Вкусот на есента: Џем од бело грозје во вино

Вкусот на есента: Џем од бело грозје во вино

Подгответе домашен џем, секогаш добар додаток за палачинки, чизкејк или како намаз за леб.

Состојки:

  • 1 кг бело грозје
  • 2 дл бело вино
  • 400 гр шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 лимон
  • 15 гр пектин
  • стапче кора цимет

Начин на подготовка:

  1. Измијте го и исчистете го грозјето, одвојте ги стеблата и плодовите кои не се целосно здрави. Оставете го грозјето преку ноќ во вино. 
  2. Наредниот ден ставете го грозјето во лонец и гответе на умерен оган околу 15 минути мешајќи и гмечејќи го грозјето со лажица, па процедете. 
  3. Смесата вратете ја во лонецот, додајте шеќер, пектин, вино, цимет и сок од лимон. Откако ќе зоврие, гответе околу 25 минути, а пената отстранувајте ја со лажица. 
  4. Исклучете го шпоретот, оставете малку да се излади и извадете го циметот. Мешајте со миксер па гответе уште 5-10 минути додека не добиете густина слична на медот. 
  5. Ставете го џемот во стерилизирани тегли. 
  6. Наместо пектин можете да користите и желатин.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text