Оваа мусака од зеленчук можете да ја направите и во голем сад, но вака ќе изгледа поинтересно.
Состојки:
- 2 помали тиквици
- 2 бели компири
- 2 цвета брокули
- 2 моркови
- 1 средна главица кромид
- 1 лажица путер
- 2 јајца
- 1 лажица сечкан магдонос
- 150 гр исцедено свежо сирење
- 50 гр рендан пармезан
- 1 мускатно оревче
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Тиквиците, варените компири и морковите исечкајте ги на кругови. Брокулите кратко бланширајте ги.
- Загрејте ја рерната на 180 степени. Кромидот исечкајте го на коцки и пропржете го на путер. Измешајте жолчки, магдонос и потоа со лажица измешајте белки кои сте ги разматиле во цврст снет. Посолете ја смесата, побиберете и додајте мускатно оревче.
- Намастете 4 помали калапи и наредете ги со ред зеленчук (наизменично), а помеѓу зеленчукот фил од сирење и јајца. На крај посипете со пармезан и запечете 15 минути.
Добар апетит!
Прочитај Gotvi.mk рецепти:
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)
Диетален појадок што ќе ве држи сити
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки