Овие мини пици се неодоливи!
Состојки за тесто:
- 250 гр бело брашно
- 200 гр интегрално брашно
- 4 лажици маслиново масло
- 3 дл сок од домати
- сол
- 1 кесичка сув квасец
Состојки за сос:
- доматен сос
- 3 помали домати
- 150 гр моцарела сирење
- оригано
- маслинки
Начин на подготовка:
- Сите состојки за тесто ставете ги во длабок сад и замесете тесто со сок од домати, да биде меко. Оставете го да се подигне. Доматите и маслинките исечкајте ги на тенки кругови.
- Кога тестото ќе се подгине, премесете го и премачкајте го со маслиново масло да не се лепи за рацете и подлогата. Така премачкано со масло развлечете го и со чаша вадете пицети.
- Пицетите извалкајте ги во брашно од двете страни, наредете ги на плех, па секоја премачкајте ја со малку доматен сос и ставете круг домат. Потоа ставете ги во ререна да се печат на 200 степени.
- Кога ќе бидат готови извадете ги од рерна, посипете со оригано и на секоја пицета ставете по малку изрендано сирење моцарела и исечкани маслинки, па вратете во рерна на кратко за сирењето да се растопи.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука