Еве одличен начин да го искористите пирето од компири кое ви останало после ручек.
Состојки:
- 225 гр меко брашно
- 3 лажички прашок за печиво
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка бибер
- 85 гр путер
- 225 гр ладно пире од компири
- 2 јајца
Начин на подготовка:
- Вклучете ја рерната на 200 степени. Во голем сад измешајте брашно, сол, бибер и прашок за печиво. Во истиот сад ситно изрендајте путер и додајте го изладеното пире. Едно цело јајце разматете и истото додајте го во садот.
- Замесете тесто со раце без додавање вода, млеко и слично, ви требаат 2-3 минути за сѐ убаво да се поврзе.
- Тестото развлечете го на побрашнета подлога на дебелина од 1 см и со чаша вадете облици.
- Обложете тепсија со хартија за печење, малку побрашнете и наредете ги погачиците. Останатото јајце разматете го со малку сол и со него премачкајте ги погачиците.
- Ставете ги погачиците во загреана ререна да се печат 20 минути или додека не добијат златна боја.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот