Без неа ниедна зимница не е целосна!
Состојки:
- 1 л оцет
- 3 л вода
- 1 кесичка конзерванс
- 5 лажици шеќер
- 3 лажици сол
- 1 кесичка бибер во зрно
- 4 кг пиперки сомборки
Начин на подготовка:
- Исчистете ги пиперките од семки.
- Во тенџере ставете вода, оцет, конзерванс, шеќер и сол. Оставете малку да зоврие да се растопат шеќерот и солта. Намалете го огнот, па спуштајте ги пиперките да се варат.
- Варете ги по една минута. Вадете ги со решеткаста лажица на тацна. Кога сите ќе бидат готови наредете ги во тегли, а помеѓу нив ставете бибер во зрно.
- Кога пиперките ќе ги наредите, прелијте ги со врелата течност во која ги зготвивте и затворете со метални капаци.
Повеќе поврзани вести на Готви.мк:
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)
Диетален појадок што ќе ве држи сити
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко