Солена торта со шунка

Солена торта со шунка

Оваа пита брзо се подготвува и не ви се потребни многу состојки.

Состојки:

  • 6 јајца
  • 6 лажици брашно
  • 100 гр ситно сечкана шунка Пекабеско
  • 1/2 лажичка сол
  • 2-3 варени јајца
  • 1 лажичка изгмечени сардини

Начин на подготовка:

  1. Разматете цврст снег од белки, па измешајте една по една жолчка и лажица по лажица брашно.
  2. Додајте сол, исечкана шунка, исечкани варени јајца и сардина и сѐ лесно измешајте.
  3. Ставете во намастен плех и печете во умерено загреана рерна на 220 степени 35-40 минути, додека тестото не порумени и не почне да се одвојува од плехот.
  4. Изладете ја печената торта, исечете ја на парчиња и послужете.

 

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text