Најсочниот колач со мак: Толку вкусен десерт не сте пробале!

Најсочниот колач со мак: Толку вкусен десерт не сте пробале!

Ретко кој може да им одолее на штрудлите со мак, а исто така ќе биде и со овој колач. Едноставен, евтин и брз рецепт кој нема да ве остави рамнодушни!

Состојки за кора:

  • 2 чаши брашно
  • 2 јајца
  • 1 чаша масло
  • 1 чаша млеко
  • 1 чаша шежер
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 лимон (изрендана кора)

Состојки за фил:

  • 300 мл млеко
  • 1,5 чаша мелен мак
  • 1/2 чаша гриз
  • 1,5 чаша шеќер

Начин на подготовка:

  1. Во сад ставете јајца, додајте шеќер и разматете, кога доволно ќе стегне додајте масло и млеко, па ставете брашно со печиво и кора од лимон. Во плех, со големина 35х20 см, добро намастен, ставете половина од разматеното тесто. Ставете да се запече, односно да фати кора на 160 степени.
  2. За филот, ставете млеко со шеќер да зоврие. Намелате ја темпратурата и непрекинато мешајте, ставете мешавина од мак и гриз. Гответе додека филот не згусне (по желба додајте малку мелени или ситно сечкани ореви или суво грозје).
  3. На запечената кора ставете го филот, распоредете го, па преку ставее ја другата половина од тестото и вратете го колачот да се испече. Откако ќе се испече, оставете го да се излади, па исечете го на коцки и послужете.

 

Уживајте!

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text