Од ова чудотворно овошје, познато по својата лековитост, можете да направите исклучително вкусен џем.
Состојки:
- 2 кг аронија
- 2 кг шеќер
- сок од 1 лимон
Начин на подготовка:
- Аронијата иситенете ја со миксер, ставете во тенџере и додајте шеќер.
- Добро соединете и ставете на најсилна температура да зоврие, а потоа намалете ја температурата толку да смесата и натаму врие.
- Гответе со постојано мешање до саканата густина.
- На крај додајте сок од еден лимон и гответе уште 5 минути.
- Тенџерето прекријте го со влажна кујнска крпа и оставете џемот да се излади. Ставете го џемот во чисти стерилизирани тегли, херметички затворете и оставете ги на суво и ладно место.
- Уживајте во вкусниот џем!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта