Брзо и лесно: Тиквици полнети со зеленчук (ВИДЕО)

Брзо и лесно: Тиквици полнети со зеленчук (ВИДЕО)

Полнетите тиквици се лесно јадење во кое можете да уживате за време на врелите денови. Освен што е вкусен, овој деликатес е многу здрав избор за ручек…

Состојки:

  • 3 чешниња лук
  • 1 главица кромид
  • 1 модар патлиџан
  • 1 црвена пиперка
  • 1 жолта пиперка
  • 3 тиквици
  • 5 домати
  • сол
  • 2 лажички мајчина душица
  • 2 лажички магдонос
  • 2 лажички босилек
  • моцарела сирење по желба
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Ставете маслиново масло во голема тава, загрејте на средна температура, и во тавата ставете кромид и лук и сечкан модар патлиџан. Гответе додека не добие браун боја.
  2. Во истата тава ставете сечкани жолта и црвена пиперка, една тиквица и домати. Кога зеленчукот ќе омекне, мешајте и зачинете по желба.
  3. Откако зеленчукот ќе биде готов, додајте босилек, мајчина душица и магдонос, па тргнете ја тавата од оган.
  4. Останатите две тиквици пресечете ги на половини и со лажица извадете ја внатрешноста како би добиле „корпички“ кои ќе ги наполните со зеленчук и моцарела. Полнетите тиквици ставете ги во рерна и печете 15 минути на 200 степени.

 

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text