Кисели пиперки во тегла – зимница без конзерванс

Кисели пиперки во тегла – зимница без конзерванс

Следете ги чекорите од видеото и уживајте во преубавите пиперки…

Состојки:

  • 7-8 кг пиперки (бабури)
  • 5-6 литри вода
  • 1,5 л оцет
  • 250 гр шеќер
  • 120 гр сол
  • 1 поголема главица лук
  • 1 веза лист магдонос
  • 1 кесичка бибер во зрно

Начин на подготовка:

  1. Пиперките добро измијте ги, отсечете го зелениот врв, можете да ги преполовите или да ги оставите цели.
  2. Теглите добро измијте ги и исушете ги во рерна на 100 степени околу 30 минути.
  3. Згответе сируп од горенаведените состојки, освен лук и магдонос, нив наредете ги директно во теглите.
  4. Пиперките редете ги во топли тегли, во секоја ставете гранче магдонос и неколку листови лук.
  5. Налијте врел сируп, можете да ги оставите да го впијат сирупот па уште да долиете течност до врв.
  6. Добро затворете и направете пастеризација како што е прикажано во видеото.

 

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

singlepost_text