Намаз од печени пиперки и ореви

Намаз од печени пиперки и ореви

Пикантно лут намаз со необична состојка – ореви.

Состојки:

  • 800 гр големи црвени пиперки
  • 1 лута пиперка феферони
  • 2 чешниња лук
  • сок од половина лимон
  • 50 гр ореви
  • прстофат мелен ким
  • 1/2 лажичка сол
  • 50 мл маслиново масло
  • 30 гр презла

Начин на подготовка:

  1. Пиперките добро измијте ги, избришете ги и ставете ги на решетка во рерна која сте ја загреале на 200 степени. Печете 50 минути со повремено превртување. 
  2. Печените пиперки излупете ги и исчистете ги од семки. Иситнете ги исчистените пиперки, лутата пиперка, лукот, додајте сок од лимон, ким и претходно благо пропечени ореви. Кога смесата ќе стане глатка додајте сол, маслиново масло и презла, уште малку измешајте и намазот е готов.

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

singlepost_text