Смокви во сланина

Смокви во сланина

Неверојатно егзотична комбинација на сладок, солен и пикантен вкус…

Состојки:

  • 8 свежи смокви
  • 16 листови сланина Пекабеско
  • 1 портокал
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1 лажица путер
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Преполовете ги смоквите, па секоја половина свиткајте ја со сланина и фиксирајте ја со чепкалка. Исечкајте парче кора од портокал. Филетирајте го портокалот.
  2. Испржете ги смоквите во масло и извадете ги. Извадете го маслото од тава и додајте путер. Испржете ги филетите портокал на путер, заедно со кората. После 2 минути сервирајте на чинии, па од горе ставете ги смоквите во сланина.

 

Уживајте!

Поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Брз рецепт за чипс во рерна – Неодолив вкус за секоја прилика

Пица со кулен, сланина и феферонки – Новиот омилен пикантен деликатес

Детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици

ВИДЕО: Пица која се прави во филџан за неколку минути

Вистински пица деликатес

Ултра брзи пица мафини

Вегетаријанска пица

Пица а ла Бица