Поховани тиквици и модар патлиџан на 5 начини

Поховани тиквици и модар патлиџан на 5 начини

Ви донесуваме неколку идеи за ручек…

Состојки:

  • 2 модри патлиџани
  • 1-2 тиквици
  • 3 јајца
  • сол
  • 100 гр брашно
  • 100 гр кикирики
  • 100 гр семки од сончоглед
  • 100 гр корнфлекс
  • 100 гр солени стапчиња
  • 50 гр чипс од компир
  • 3 чешниња лук

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците и модрите патлиџани исчистете ги и исечкајте ги на потенки парчиња и посолете. Оставете ги 20 минути да пуштат сок, а потоа исцедете ги и додајте издробен лук.
  2. Јајцата разматете ги, а кикириките, корнфлексот и чипсот издробете ги со сукало или во блендер. Семките од сончоглед можете да ги оставите цели.
  3. Парчињата тиквици и модар патлиџан прво извалкајте ги во брашно, јајца, а потоа во една од издробените состојки и редете ги во тепсија која сте ја обложиле со хартија за печење.
  4. Печете на 200 степени околу 35 минути. Порбајте со вилушка дали тиквиците и патлиџанот се меки.

 

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт