Едноставно и лесно јадење кое ќе го подготвите за миг!
Состојки:
- 500 гр ситни компири
- 300 гр мелено месо
- 4 лажици масло
- 1 главица кромид
- 1 помала свежа пиперка
- 1 помал морков
- сол
- бибер
- пипер
- магдонос
- 1 чешне лук
Начин на подготовка:
- Ситно исечкајте ги лукот, морковот и пиперката, па пржете на загреано масло, додајте мелено месо, сол, бибер, пипер, динстајте десетина минути, додајте испасиран лук, измешајте и тргнете ја тавата на страна.
- Излупете ги компирите, исечкајте ги на кругови и пржете ги поклопени со повремено мешање 15-20 минути.
- Додаје го месото во компирите, измешајте и пржете уште пет минути. Послужете со сезонска салата.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна