Едноставен трик: Започнете го денот со овошје и јогурт и заборавете на непријатниот здив!

Едноставен трик: Започнете го денот со овошје и јогурт и заборавете на непријатниот здив!

Непријатниот здив може да биде многу вознемирувачки, бидејќи околината ги избегнува таквите лица, а потоа тие стануваат несигурни во себе. Ако причината не е некое метаболичко пореметување, проблемот можете да го решите крајно едноставно, доколку го започнете денот со одредени видови овошје и јогурт.

Јогуртот го намалува хидроген-сулфидот, причинител на непријатниот здив, а некогаш ја елиминира неговата појава во целост, објаснуваат експерти.

Освен јогурт, се препорачува често консумирање овошје, особено јаболка кои важат за чистачи на забите и природен освежувач на здивот. Истиот ефект ќе го постигнете ако за доручек или ужина изедете порција бобичесто овошје, дињи, портокали, киви или друго овошје богато со витамин Ц.

Крцкавите крушки и моркови исто така се делотворни.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text