Се подготвуваат исклучително лесно, а вкусот нема да го заборавите!
Состојки:
- 12 праски
- 200 гр бисквити
- 2 јајца
- шеќер (по вкус)
- путер
- ванилин шеќер
Начин на подготовка:
- Праските измијте ги, па пресечете ги на половини и извадете ги коските. Потоа внимателно издлабете ги со лажичка.
- Разматете јајца, додајте издробени бисквити и изгмечени праски и по ваша желба ванилин шеќер, па со добиената смеса наполнете ги издлабените половини.
- Вака подготвените праски наредете ги во огноотпорен сад намастен со путер, посипете со шеќер (по вкус), и оставете ги во рерна да се печат половина час на температура од 180 степени.
- Праските оставете ги добро да се изладат, па послужете.
Уживајте!
Повеќе на Gotvi.mk:
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко
Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот
10 „убијци“ на вишокот калории
Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како
Како да ослабете според хороскопскиот знак?
Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате