Слатки прженици за доручек

Слатки прженици за доручек

Овие слатки прженици се неодоливи, а толку лесно се подготвуваат…

Состојки:

  • 4 парчиња стар леб
  • чоколаден крем
  • банани
  • 150 мл млеко
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 јајце
  • презла
  • шеќер во прав

Начин на подготовка:

  1. Со чоколаден крем намачкајте ги парчињата леб, преку наредете банани исечкани на кругови и покријте со друга половина леб. 
  2. Млекото засладете го и додајте разматено јајце. Споените парчиња леб потопете ги во млеко со јајце, а потоа во презла. Пржете на масло од двете страни. 
  3. Додека се уште се топли, посипете ги со шеќер во прав и послужете со млеко.

 

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед