Ново: Труење со храна

Ново: Труење со храна

Труењето со храна е особено честа појава во летните месеци, бидејќи високите температури придонесуваат за полесно и побрзо развивање на микроорганизмите во храната. Во македонија имаше неколку случаи со труење од храна кои добија го лемо медиумско внимание.

Тимот на Gotvi.mk би сакал да ве потсети на една основна, но многу важна работа за заштита од многу болести и зарази – РЕДОВНО И ЧЕСТО МИЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ, а особено во летниот период.

На дел од вас кои читате можеби ќе ви звучи ова потсетување и предупредување како непотребно, но би се изненадиле колку личната хигиена на дел од нас е на многу ниско ниво. Колку често во ресторани, кафулиња и други објекти некои луѓе го напуштаат тоалетот без да ги измијат рацете. Но, сеуште има дел од нас кои само еднаш до двапати во денот ќе ги измијат рацете.

Ако сакате да се заштитите од зарази, клучно е често да ги миете рацете. Не бидете хипохондрици, но правете го тоа често, како навика.

Во продолжение ви пренесуваме и дел од советите на Агенцијата за храна и ветеринарство за едноставни чекори до храна која е безбедна за консумирање и тоа:

Правилен избор, набавка и транспорт на продукти за исхрана:
– При купувањето треба да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и соодветното чување на храната;
– Да се купува храна од проверени места,
– Лесно расипливите продукти треба да се купуваат исклучиво од објекти каде што производите се чуваат уредно во разладни уреди;
– Да се избегнува храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната);
– Оладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето;
– Храна од видот месо, млеко и јајца да не се чува долго време во автомобили и други транспортни средства;
– Да се одбегнува купување на оладена и смрзната лесно расиплива храна која стои надвор од ладилник или замрзнувач.

Хигиенска манипулација и чување на храната:
– Пред подготовка на храната добро да се измијат рацете;
– Оладената храна да се чува на температура пониска од 5Ц, а топлата храна на температура повисока од 60Ц;
– Овошјето и зеленчукот темелно да се измијат под млаз вода;
– Месото, млекото и јајцата термичкидобро да се обработат;
– Доколку после подготвувањето на храната не се консумира веднаш, треба да се чува во фрижидер до времето на сервирање;
– Често миење на рацете во текот на подготовката на храната;

– Во фрижидер на најгорние полици треба да се реди зготвената храна, а подолу суровата храна;
– Храната да се заштити од инсекти и глодари кои може да ја контаминираат храната;
– Домашните миленичиња и други животни да не бидат во контакт со храната што се подготвува.

Сите препораки на Агенцијата за храна и ветеринарство за безбедност на храната за време на високи температури можете да ги прочитате на следниот ЛИНК

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Големо намалување на цените на сендвичите во „Седмица“

Еве што пронајде Санитарниот инспекторат во сендвичарите на „7ца“ (Фото)

Сендвичарата „7ца“ со нови цени – Погледнете ги тука

Флеки од мастило или тонер – Потребна ви е само 1 намирница и ќе ги извадите

БЕСПЛАТНО: Домашни средства за чистење флеки и перење на облека

Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките

Чини само 1 денар – Рецепт со кој ќе ги освежите боите на алиштата

Кулинарски трик – Употребете ја оваа намирница и маслото нема да ви загорува при пржење