Еден од најпопуларните готвачи на денешницата, Гордон Ремзи, ви претставува рецепт за тирамису во чаша.
Состојки:
- 120 гр шеќер во прав
- 300 гр слатка павлака за шлаг
- екстракт од ванила (по желба)
- 250 гр маскарпоне сирење
- пишкоти
- 1 шолја јако црно кафе
Начин на подготовка:
- Во сад ставете шеќер во прав, додајте павлака за шлаг и сè добро разматете.
- Во друг сад ставете маскарпоне и екстракт од ванила и добро измешајте.
- Мешавината од маскарпоне и ванила ставете ја во шлагот и сè заедно добро измешајте.
- Пишкотите преполовете ги, потопете ги во кафе и ставете ги во чаша.
- Излејте ја смесата во чаша и на врвот изрендајте темно чоколадо или посипете со какао.
Уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега