Меки и вкусни домашни кифлички (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Меки и вкусни домашни кифлички (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Ви претставуваме одличен рецепт за вкусни кифлички кои ќе ве воодушеват.

Состојки:

  • 500-600 гр брашно
  • 100 мл млеко
  • 200 мл јогурт
  • 3 јајца
  • 1 жолчка
  • сол
  • 1 лажица шеќер
  • 200 гр сирење
  • 30 гр квасец
  • 100 мл масло

Начин на подготовка:

  1. Растворете квасец во млако млеко па додајте 2 јајца и разматете со жица, додајте шеќер па јогурт, остатокот од млекото, масло и брашно, а преку него сол. Замесете средно тврдо тесто глатко и оставете го да нарасне околу 30 минути. Тестото премесете го па развлечете го на половина сантиметар дебелина и засечете го на квадрати. Секој квадрат малку засечете го (погледнете во видеото).
  2. Издробете сирење, додајте белки и измешајте.
  3. Во средината на квадратите ставајте по малку сирење. Составете ги кифличките на начин кој е прикажан во видеото.
  4. Оставете го тестото да нарасне па премачкајте со жолчка, посипете со семки и крупна сол. Печете на 200 степени 15-20 минути.

 

Добар апетит!

Повеќе на Gotvi.mk:

Домашни колачиња со парчиња чоколадо и путер

Која е тајната на совршените домашни колачиња и кифли?

8 докажани бенефити од пиењето јогурт

Jogood во чаша ‒ Овошна забава со секој залак!

Овошна забава со Jogood!

singlepost_text