Јадење кое освојува со вкус!
Состојки за палачинки:
- 250 гр брашно
- 3 јајца
- 500 мл млеко
- 250 мл вода
- 3 лажици масло
Состојки за фил:
- 200 гр пршута Пекабеско
- 200 гр кашкавал
Состојки за поховање:
- 3 јајца
- 100 гр пченкарен гриз
Начин на подготовка:
- Разматете тесто за палачинки, и ако е прегусто по потреба додајте уште малку вода. Испечете палачинки, па оставете ги да се изладат.
- Пршутата исечкајте ја. На секоја палачинка наредете листови кашкавал и малку пршута и замотајте.
- Свитканите палачинки спуштајте ги во разматени јајца, па во пченкарен гриз и пржете ги на врело масло.
Послужете и уживајте!
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса
ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација
10 „убијци“ на вишокот калории
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)