Ориентална кисело лута супа со ѓумбир како домашна инфузија

Ориентална кисело лута супа со ѓумбир како домашна инфузија

Сакате луто, сакате кисело, сакате здраво? Ова е вистинската супа за вас!

Популарната супа од Азија добива се поголема популарност во Европа. Детокс, диетална и здрава – оваа супа ќе стане дел од вашите оброци.

Состојки:

  • 1 црвена лута пиперка
  • 1 лажичка рендана кора лимон
  • 3 см корен од свеж ѓумбир
  • 1 морков
  • 1 праз
  • 1 лажица сусамово масло
  • 1 лажица оцет
  • 1 л пилешки бујон
  • 1 лажица густин
  • 3 лажици соја сос
  • малку бибер

Начин на подготовка:

  1. Пиперката исчистете ја од семки и ситно исечкајте ја. Ѓумбирот изрендајте го, морковот исечкајте го на стапчиња, а празот на кругови. 
  2. Во тенџере загрејте сусамово масло, па кратко продинстајте ги пипекрата, ѓумбирот, морковот и кората од лимон. Додајте праз па налијте 900 мл супа и лажичка оцет. Во остатокот од супата додајте лажица густин, измешајте и додајте го во супата. Почекајте да зоврие па гответе уште неколку минути. Зачинете со соја сос и бибер.

 

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text